Мурињо пристигна во Мадрид, промоција во четврток!

78
фото: Record (X)

Реал Мадрид се подготвува да го претстави Жозе Мурињо за нов главен тренер на тимот.

Инсајдерот Фабрицио Романо известува дека португалскиот специјалист денес пристигнал во Мадрид за да ги мине формалностите околу договорот и за да се подготви за официјалната промоција, која најверојатно ќе се случи во четврток.

Претходно беше објавено дека Мурињо потпишал тригодишен договор со Реал Мадрид, кој ќе важи до 2029 година. Мадридскиот клуб ја активираше клаузулата за откуп на тренерот во Бенфика во износ од 15 милиони евра.

Според COPE, презентацијата на Мурињо како главен тренер на Реал Мадрид ќе се одржи надвор од стадионот „Бернабеу“, но засега не е позната локацијата.

ПретходноТурција и С. Арабија добија „вајлд-карти“ за СП, Македонија утре ќе ги дознае ривалите
СледноДејвис куп: Македонија во група домаќинот Молдавија, Грузија и Косово