Лесно може да се случи по пауза од три години Ќатип Османи да се врати во Шкендија, и тоа повторно како шеф на струката, како тренер на тимот со кој освои дури три шампионски пехари во ПМФЛ.
Како што дознаваме, покрај Благоја Милевски и Арсим Тачи, и Османи кој важи за еден од нашите најдобри и најтрофејни тренери е во игра за клупата на Шкендија.
Да потсетиме дека популарниот Ќато со Шкендија беше шампион во 2011, потоа и во 2018 и 2019, а со тетовци во неколку наврати играше во плеј – офот во Лигата на Европа.
Покрај горе споменатите во изминатите денови, се споменуваа и Југослав Тренчовски и Оргес Шехи како кандидати за клупата на тетовци.
Во секој случај раководството на Шкендија во најбрз можен рок треба да донесе одлука за тоа кој ќе биде наследникот на Јетон Беќири.















