Новата сезона во ПМФЛ стартува на 25 јули, Вардар одбраната на титулата ја почнува на домашен терен против Брегалница. Веќе во следното коло „цврено-црните“ повторно се домаќини и тоа на големото дерби против Шкендија.
Актуелниот првак и во третото коло го чека тежок меч, а тоа е првото гостување во новата сезона – кај Струга Т.Л.
Првиот дел од сезоната ќе заврши на 12/13 декември.











