Најголемиот проблем на Португалија е – КРИСТИЈАНО РОНАЛДО!

293
ФОТО:.facebook.com/PORTUGAL

И дефинитивно селекторот на Португалија мора да одлучи. Дали сака неговиот супер тим да дојде до нешто големо на ова СП или не сака. Ако сака, тогаш мора да го “седне“ на клупа Кристијано Роналдо. Во спротивно ризикува катастрофа. Тоа сите го знаат, најмногу тој, но ајде нека се најде јунак да му каже на Кристијано дека токму тој е најголемиот проблем во селекцијта на Португалија.

Славниот Кристијано буквално едвај го издржа првото полувреме од последниот тест натпревар против Нигерија (2:1), по што тренерот Роберто Мартинез го остави во соблекувалната, во она што можеби ќе биде последниот натпревар на Роналдо за репрезентацијата во Португалија.
Роналдо изгледаше целосно немоќен на теренот, потроши неколку чисти шанси и само го задушуваше тимот, па затоа фудбалската јавност е во право да се запраша: Дали е време најголемиот на сите времиња да биде закован на клупата или Португалците ќе мора да се трпат со него и да ги уништат сопствените шанси на Светското првенство?!

Натпреварот во Леирија требаше да биде празнично испраќање и лесно загревање пред летот до историскиот турнир, но се претвори во болна сага. Мартинез испрати импозантен состав на теренот – таму беа Рубен Дијаз, Витиња, Жоао Невес, Бруно Фернандеш и, секако, капитенот Роналдо. Сепак, наместо магија, навивачите гледаа бавна, бледа верзија на поранешната суперѕвезда, која на оваа возраст повеќе не може да го следи ритамот на сериозниот модерен фудбал.
Португалија поведе преку Педро Нето во 23-та минута, но Нигерија израмни преку Адамс во 37-та минута, најмногу затоа што домашниот тим со Роналдо во водство игра со еден играч помалку во одбранбената фаза. Мартинез виде дека ѓаволот ја сфатил шегата, па направи радикален рез и го остави Роналдо на клупата веќе на полувремето. Дури откако тој си замина, остатокот од тимот здивна, а младиот Франсиско Консеисао успеа да ја извлече победата во 75-та минута.

ПретходноСавевски: Против Грција не сме фаворити, но тоа ни оди во корист
Следно“Го видовме најглупавиот тим во историјата на цивилизацијата!“(ВИДЕО)