Од денеска па се до 19 јули сите погледи се кон 23. Светско првенство во фудбал. За првпат ќе имаме 48 селекции, или тоа е 1/4 од сите членки на ФИФА. Распоредени се во 12 групи од по 4 селекции, а натаму одат најдобрите две и осумте најдобро третопласирани. Значи 32 од 48 селекции ќе играат во 1/16 финалето или од првиот дел од нокаут фазата. Следува 1/8 финалето, па 1/4 финалето, полуфиналето и големото финале. Од ова произлегува дека шампионот ќе одигра осум натпревари.
Во продолжение ќе можете да ги видите групите а СП за првпат се игра во три земји и тоа во САД, Канада и Мексико.
Титулата ја брани Аргентина а кога сме кај историјата да кажеме дека досега најмногу титули има Бразил, пет, Германија и Италија со по четири се на делба на второто место, Аргентина има три, Франција и Уругвај со по две, а Шпанија и Англија по еднаш биле прваци.
Од сите овие на ова СП 2026 ќе ја нема Италија и тоа третпат во низа.
Мундијалот стартува со мечот на епскиот “Ацтека“ стадион во Мексико Сити меѓу домашната селекција на Мексико и Ј.Африка.
Ова е Мундијал кој ветува спектакл, впрочем како и секој собир на најдобрите репрезентации во светот од 1930 година па наваму.
ГРУПИ ЗА СП – 2026
ГРУПА -А
Мексико
Ј.Африка
Ј.Кореја
Чешка
ГРУПА – Б
Канада
БиХ
Катар
Швајцарија
ГРУПА – Ц
Бразил
Мароко
Хаити
Шкотска
ГРУПА – Д
САД
Парагвај
Австралија
Турција
ГРУПА – Е
Германија
Курасао
БСК
Еквадор
ГРУПА – Ф
Холандија
Јапонија
Шведска
Тунис
ГРУПА – Г
Белгија
Египет
Иран
Нов Зеланд
ГРУПА – Х
Шпанија
Зеленортски острови
С.Арабија
Уругвај
ГРУПА – И
Франција
Сенегал
Ирак
Норвешка
ГРУПА – Ј
Аргентина
Алжир
Австрија
Јордан
ГРУПА – К
Португалија
Конго
Узбекистан
Колумбија
ГРУПА – Л
Англија
Хрватска
Гана
Панама










