Новиот прволигаш, тимот на Шкендија од Арачиново предмалку објави дека првиот голман Антонио Столевски и следната сезона ќе биде дел од клубот. Ова е сосема логичен развој на настаните, затоа што Столевски е херојот на овој тим, кој што во бараж дуелот против Пелистер, одбрани пенал во регуларниот дел од мечот, а потоа и во пенал серијата неколку пати го сопте противникот.
Па така, сосема е нормално клубот да сака по секоја цена да го задржи Столевски кој што ќе ги предводи арачиновци во ПМФЛ авантурата следната сезона.















