Името на Мартин Томовски со златни букви е запишано во историјата на Бундес-лига II

150
Фото: daikin-hbl.de

Македонскиот репрезентативен голман, Мартин Томовски зад себе има сезона за паметење. Тој со неговиот Битигхајм изборија пласман во Бундес-лигата, а Томовски беше една од главните причини.

Неговото име е запишано со златни букви во втората Бундес-лига, нашиот голман е прогласен за МВП на сезоната. Томовски одигра 31 натпревар и забележа 273 одбрани, неговата успешност е поголема од 31%.

Томовски во своја статистика има 21 седмерец, постигна четири гола и забележа уште осум асистенции.

Сите овие бројки се потврда дека МВП признанието оди во вистински раце.

ПретходноКанада „промашила“ во скаутингот дека Босна е опасна по прекини, САД покажа квалитет, но против релативно слаб противник
СледноОдбојкарите го направија последниот договор во Атина пред пресметката со Исланд