Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 години во вториот контролен натпревар против Црна Гора што се играше во Тиват забележа победа од 6:3.
Избраниците на селекторот Зоран Лекиќ поведоа со голот на Лео Стоевски во третата минута. Во шестата, Михаил Гоговски зголеми на 2:0, а веќе во десеттата минута имавме предност од 3:0 откако Александар Крстевски го совлада противничкиот голман,
Во 11. минута, Балша Ракочевиќ ја погоди сопствената мрежа за водство на Македонија од 4:0.
Филип Гопчевиќ во 17. минута го постигна првиот погодок за домаќинот, а шеесетина секунди подоцна Милан Рагановиќ намали на 4:2.
Матеј Ангеловски во 25. минута се запиша меѓу стрелците за водство на Македонија од 5:2 додека во 28-та Богдан Головиќ постигна гол и намали на 5:3.
Конечниот резултат го постави Христијан Ризов на две минути пред крајот на натпреварот.










