Ф1: Џорџ Расел ќе стартува прв на патеката во Каталонија

45
фото: Formula 1 @F1 (X)

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Барселона-Каталонија, седмата трка од овогодинешното првенство во Формула 1.

Британецот стигна до најдобрата стартна позиција во „Каталонија“ со одличен круг од 1:14.679 минути, со 64 илјадити делови предност пред Луис Хамилтон во Ферари. Најблиску до двајцата најбрзи беше лидерот во генералниот пласман Кими Антонели, кој беше три десетинки од секундата зад својот соиграч.

Квалификациите во Монтмело беа обележани и со прекин во последниот дел предизвикан од возачот на Ферари, Шарл Леклер. Toj ја изгуби контролата врз задниот дел од автомобилот, се обиде да ја исправи грешката, но тоа доведе до извртување и удар во заштитната ограда. Леклер ќе стартува од 10-то место во седмата трка од сезоната.

Големата награда на Барселона и Каталонија започнува во недела во 15 часот.

ПретходноAнглискиот судија Мајкл Оливер се повреди пред да го суди првиот меч на Мундијалот
СледноЕгипет мораше да ги смени дресовите: ФИФА наложи да се отстранат неколку детали!