Пораз на одбојкарките од Азербејџан

39

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија, вечерва загуби во рамките од Европската лига од соодветната селекција на Азербејџан со 0:3.

Одбојкарките со овој неуспех ја продолжија лошата низа на загубени мечеви, кои што сега се четири по ред.

На турнирот во Аликанте, Шпанија, нашиот национален тим, реално во ниту еден од сетовите (13:25, 15:25, 18:25), не успеа доволно да парира, за да можеме барем да се понадеваме на освоен сет.

Македонија со ова го завршува настапот на вториот турнир и се враќа дома, каде следниот викенд (19-21 јуни) во СЦ “Борис Трајковски” во Скопје ќе виде домаќин на третиот турнир во годинешното издание.

ПретходноБарселона го мина Алборг и влезе во финалето на Лигата на Шампионите
СледноНикола Најдовски во дресот на Лапи