РФМ и Лазаров на Ф4 во Келн

116

Македонското ракометно водство во моментов е дел од најголемиот настан на годишно ниво кога станува збор за овој спорт. Фајнал фор турнирот, односно самата завршница во Лигата на Шампионите. Истиот се одржува во Келн, Германија, а нашата делегација е предводена од претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, Александар Стефанов, заедно со генералниот секретар на РФМ, Влатко Тасевски, како и селекторот на машката ракометна репрезентација, Кирил Лазаров.

„Присуството на претставниците на РФМ на овој врвен ракометен настан претставува можност за размена на искуства, следење на најновите трендови во европскиот ракомет и зајакнување на меѓународната соработка со водечките ракометни организации и клубови.

РФМ продолжува активно да биде дел од најзначајните европски и светски ракометни настани, придонесувајќи за развојот и унапредувањето на македонскиот ракомет“, стои во соопштението од РФМ.

ПретходноМакедонија слави промоција во Втората Светска група (ФОТО)
СледноМакедонија со два порази во ракомет на плажа