ТФТ му се заблагодари на Дарин Говенс

255

Македонскиот кошаркарски прволигаш и претставник на меѓународна сцена, тимот на ТФТ од Скопје во иднина ќе биде без американскиот интернационалец, Дарин Говенс. Тој по две години минати во скопската населба Тафралиџе си заминува од овој клуб, и во иднина ќе настапува на некое друго место.

ТФТ Скопје со специјална порака преку социјалните мрежи не само што се збогува со еден од своите омилени членови во изминатиот период, туку на Говенс јавно му се заблагодари за неговиот придонес, во и надвор од теренот.

ПретходноСериозен инцидент на грчкото кошаркарско финале: Тајрик Џонс го нокаутираше Кендрик Нан (ВИДЕО)
СледноПознати се стартните состави: Бразил ќе напаѓа со Вини, Рафиња и Игор Тиаго!