Македонскиот репрезентативец и интернационалец Јани Атанасов е нов играч на казахстанскиот тим на Актобе. Клубот предмалку го промовираше нашиот интернационалец како своја најнова аквизиција.
Атанасов последно беше дел од шампионатот на Грција, каде што со тимот на Лариса не успеа да обезбеди опстанок, па си замина од таму.
Сега, следува нов момент во неговата кариера. Атанасов досега има интернационално искуство во екипите на Бурса, Хајдук, Краковија… додека во домашниот шампионат беше член на екипата на Академија Пандев.
За репрезентацијата на Македонија има забележано 32. настапи.
View this post on Instagram










