Вардар од пред неколку дена замина на подготовки во Италија. Денеска „црвено-црните“ ќе го имаат првиот тест, а противник ќе биде аматерска селекција на Умбрија. Мечот се игра во градот Фолињо.
Според информациите од таборот на македонскиот првак петте репрезентативци ќе поминат процес на медицински проверки и физички тестови, па дури потоа ќе можат да се стават на располагање на тимот.
Во Фолињо ќе играат: Диковски – Мишковски, Најдовски, Куестас – Јевтовски, Дурански, Д. Тодоровски, Ф. Цветковски – Иво Марковски, Огнен Јаков, Данев.
Резерви: Велковски, Мурџевски, Бајрами, М. Николов, Митановски
Фолињо има голема македонска дијаспора па најавите се дека фудбалерите на Вардар ќе имаат поддршка и топло добредојде од Македонците во Италија.















