Машката кошаркарска репрезентација на Македонија на чело со селекторот Жозеп Мариа Берокал, и асистентите Ѓорѓи Кочов, Никола Велев и Марко Докузовски, денеска и официјално ги стартуваше подготовките.

Истите се по повод, претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029 година, каде за противници ги има националните тимови на Ирска, Луксембург и Азербејџан, кои се како и Македонија дел од групата А.

Македонија досега има максимален ефект во групата, со четири победи во исто толку натпревари и се наоѓа на првото место.
Следниот предизвик е дуелот со Ирска на 2 јули во Скопје, во рамките на петтото коло, а три дена подоцна следува гостувањето во Луксембург со кое ќе биде затворена оваа претквалификациска фаза.

Првата проверка пак, за „црвено-жолтите“ ќе биде на 21 јуни, кога Македонија ќе игра против селекцијата на Бугарија на гостински терен.













