И младата кошаркарска репрезентација од денеска во погон

57

Младата кошаркарска репрезентација на Македонија исто така денеска ги стартуваше своите подготовки за претстојните активности. Селекторот Никола Велев на својот список стави 18 кошаркари од кои повеќето се појавија на самата денешна прозивка.

Во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје, со првиот тренинг официјално започнаа подготовките и на машката младинска репрезентација на Македонија до 20 години за настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“.

Младите македонски кошаркари ова лето ќе бидат дел од континенталниот шампионат кој од 10. до 19. јули ќе се одржи во Братислава, каде Македонија ќе настапува во групата „А“.

Во рамките на подготовките, стручниот штаб предводен од Велев предвиде вкупно 23 тренинзи преку кои ќе се работи на достигнување на посакуваната форма пред европските предизвици.

Во групната фаза нашата селекција ќе се соочи со репрезентациите на Ирска, Шведска, Азербејџан и домаќинот Словачка.

На првиот тренинг беа присутни, но не тренираа, Никола Јаничиќ и Димитар Зетов.

Подготовките ги започнаа: Даниел Бутемер, Даријан Димовски, Давид Петрушевски, Сергеј Младеновски, Матеј Митревски, Коста Ќириловски, Андреј Стојановски, Амар Грбовиќ, Атанасиј Трајанов, Бојан Димитриев, Горазд Митев, Марко Луканоски, Сергеј Петровиќ, Андреј Чадамов и Максим Трајковиќ.

ПретходноКошаркарската репрезентација на Македонија ги стартуваше подготовките
СледноУтре Вардар го дознава својот противник во првото коло од квалификациите за Лигата на Шампионите