Моќна Шведска: Ѓокереш и Исак на сцена, а Ајари удри против “своите“!(ВИДЕО)

420
ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/

Силна, моќна Шведска која го отвори Светското првенство на импресивен начин. Швеѓаноте го декласираа Тунис со 5:1 во дуелот од групата Ф и се најдоа на врвот на табелата. Херој на триумфот е Јасин Ајари, човек кој има корени од Тунис. Синот на Тунижанец и Мароканка ги постигнаа првиот и последниот гол против “своите“.
Помеѓу головите на играчот од средниот ред на Брајтон, се издвоија првите ѕвезди на тимот, Виктор Ѓокереш и Александар Исак. Двајцата постигнаа по еден гол, а Исак имаше и две асистенции, а Ѓокереш една. Преостанатиот стрелец беше Сванберг. Рекик го постигна она што се покажа како утешен гол за Тунис на крајот од првото полувреме. Не можеше подобро да го започне првенството за Шведска. Тие поведоа веќе во 7-та минута кога гореспоменатиот Ајари доби одбиена топка од 16 метри и го совлада противничкиот голман со прецизен удар.


Тандемот Ѓокереш – Исак ја покажа својата класа за прв пат во 30-тата минута, кога Исак го совлада Шамак со одличен шут по додавањето на Ѓокереш.
Тунис се врати во игра преку Рекик на самиот крај од првото полувреме, кога искористи центаршут од Мејбри и го намали резултатот на 2:1.
Се очекуваше поголема драма во продолжението, која исчезна во 59-тата минута. Ѓокереш ја искористи грешката на туниската одбрана и на асистенција на Исак го зголеми резултатот на 3:1.
Во финишот, Скандинавците ја потопија африканската селекција. Штом стапна на теренот, резервистот Сванберг искористи асистенција од Исак за да го зголеми резултатот на 4:1 во 84-тата минута. Во петтата минута од судиското продолжение, гореспоменатиот Ајари беше прецизен за конечни 5:1.

ПретходноЛудо второ полувреме во Далас: „Самураите“ изборија бод против Холандија (ВИДЕО)
СледноДиало во 90.минута го шокираше Еквадор!(ВИДЕО)