Струга ТЛ го потврди Нухија

88

Она што Спортспорт го најави денеска тимот на Струга ТЛ и го потврди. Досегашниот играч на екипата и воедно и капитен на Шкендија Арачиново, Амир Нухија, и официјално станува дел од тимот на Струга која што летово планира да направи мини реконструкција на екипата.

Некогашниот младинец на Шкендија одработи одлична сезона во Арачиново, а пред тоа се калеше и во дресот на Арсими.

Сега ќе има можност, 20. годишниот креативец во далеку поквалитетен тим да покаже вистински што може.

ПретходноЛемос е првото летно засилување за Шкендија Арачиново
СледноПознат е стартниот состав на Англија за дуелот со Хрватска!