Артим Положани се враќа како тренер во Шкендија

485
фото: abcnews.al

„СпортСпорт“ дознава дека некогашниот фудбалер на Шкендија и поранешен репрезентативец на Македонија, Артим Положани влегува во тренерскиот штаб на тетовските „црно-црвени“. Положани ќе биде именуван за нов тренер на тимот, но останува нејасно дали ќе ја преземе улогата на прв тренер или ќе биде во тренерскиот штаб на идниот шеф на струката во тетовскиот состав.

Положани во Тетово се враќа од Албанија, каде беше менаџер, а потоа и спортски директор на екипата на Фљамуртари. Претходно беше и на Косово како асистент и менаџер на екипата на Балкани.

Во кулоарите се уште се наддава со две имиња за кои се зборува дека ќе бидат главни тренери на Шкендија следната сезона. Едно е нашиот поранешен селектор Благоја Милевски, а другото е косовскиот стратег Арсим Тачи.

Шкендија вечерва заминува на подготовки во Словенија, каде има договорено и неколку контролни натпревари.

ПретходноВлезе во историјата на Мундијалите: Гави како Пеле, Сонг, Ето…
СледноЈанис го одбрал Мајами, наскоро ќе има и договор