Атдхе Мазари не е веќе член на Шкендија. Вечерва и официјално тетовскиот клуб објави дека се разделил со напаѓачот. Се напоменува дека му се изразва благодарност за неговиот придонес во црвено-црниот дрес во текот на неговиот престој како дел од тетоскиот тим.
Едногодишната позајмица на струшкиот фудбалер од НК Вараждин од Хрватска заврши, со што заврши неговиот престој во Шкендија.
Мазари се приклучи на црвено-црниот тим минатото лето и беше дел од Шкендија во текот на целата натпреварувачка сезона 2025/2026.















