По одличниот настап и пласманот на Македонија во Втората светска група на Дејвис Купот, нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски продолжи со интензивни подготовки. Тој денеска на своите профили на социјалните мрежи објави и фотографија од заеднички тренинзи со најдобриот светски тенисер низ историјата, Новак Ѓоковиќ.











