Шпанија мора да го забрза ритамот, Уругвај ме воодушеви

79

Ден на нерешени резултати на СП 2026. Интересно, се одиграа четири средби изминатиот ден и сите четири завршија без победник. Шпанија – Зеленортски Острови 0:0, Белгија – Египет 1:1, С.Арабија – Уругвај 1:1 и Иран – Нов Зеланд 2:2.

Во “Коментар на денот“ денеска гостува Срѓан Захариевски, кој имаше што да каже за овие четири меча.

Може е до мене, сите четири меча без победник“ на почетокот се пошегува еден од нашите најдобри тренери..

Јасно е дека повеќе се очекуваше од европскиот првак кој важи за голем фаворит на овој Мундијал. Но, Шпанија не беше на своето ниво. Не е толку катастрофа ремито со Зеленортските Острови колку што беше играта. Споро, статично, бескрајни додавања на стоперите, не знам, ама Шпанија ако сака да направи нешто на ова СП мора по секоја цена да го забрза ритамот. Можеби имаше и калкулации со составот и чување на силите од страна на селекторот, ама вака не оди. Ако Јамал е спремен нека игра од почеток. За Зелонортските Острови секоја чест, голманот им беше феноменален, голема дисициплина и неверојатна борбеност и заслужено до бод. Сензација во секој случај“.

Белгија против Салах и Мармуш…

Добар натпревар со висок интензитет, со шанси и со два гола. “Фараоните“ во првиот дел подобри, ама во вториот дел Белгија во целост ја искажа сета своја сила, можеше да победи и немаше да биде незаслужено. Дуел на две селекции кои би требало да се најдат во нокаут – фазата, а Белгија покажа дека има сила и квалитет во себе да направи нешто повеќе на овој Мундијал. Белгија против Салах и Мармуш, како што реков добар меч за анализирање, имаше што да се види, посебно транзицијата на Египет“.

С.Арабија – Уругвај 1:1…

Иако не победи морам да кажам дека Уругвај ме воодушеви, посебно во второто полувреме. Висок ритам, висок пресинг, многу шанси. С.Арабија мора да биде пресреќна со овој бод. И со ова реми Уругвај не би требало да има проблем за влез во следната фаза. Му треба победа само со Зеленортските Острови. Очигледно е дека со Биелса на клупата оваа селекција знае што сака, неверојатна физичка сила, техника исто така, голем избор на индивидуален квалитет и квалитет во целина. Реков, во второто полувреме Уругвајците ме воодушевија“.

И на крај Иран – Нов Зеланд 2:2…

Меч по кој и двете селекции си ги намалија своите шанси за влез во следната фаза ако се знае дека во групата се и Белгија и Египет. Сепак добар меч за гледање, четири голови, две водства на Нов Зеланд. Можеби се очекуваше победа на Иран, но…“ заврши со својата анализа Захариевски.

ПретходноНазад на терен со најдобриот: Калин и Ноле продолжуваат со напорни тренинзи (ФОТО)
СледноСрбите се пофалија: Раул и Партизан ќе играат во Лигата на шампиони