КЛ: Аматери на менито на Шкендија, пекол во најава за Силекс

491

И преостанатите две наши екипи кои изборија пласман во евро-куповите попладенево ќе ги дознаат ривалите за првото квалификациско коло од Конферецниската лига. Шкендија како вице-првак и како клуб кој има фанстастичен рејтинк се најде во ривилегираната група во оваа фаза. Па затоа клубот од тетово ќе добие ривали кои доаѓаат од Гибралтар, Фарски Острови или Велс и Луксембург но тука е и екипата на Малишева од Косово.

УЕФА утрово ги направи групшите за ждрепките и ги страти можните ривали на сите клубови. Можен ривал на Шкендија е и екипата на Номе Калју од естонија со која имаше непријатно искуство од пред неколку сезони. Напорни и тешки за патување се предизвици како оние со екипите на Европа и Рунавик од Фарските острови.

Шкендија можни ривали:

Европа (Гибралтар)

Малишева (Косово)

ФЦ УНА (Луксембург)

Пенибонт (Велс)

Рунавик (Ф.Острови)

Номе Калју (Естонија)

Освојувачот на Купот на Македонија се чини дека немаше среќа утрово. Од Нион вестите се лоши па така за можни ривали на Силекс од кратово се клубови со сериозни квалитети и историја. За можни ривали Силекс ги има најголемите клубови од Казахстан, Ерменија и Белорусија. Тука е и Дила Гори од Грузија и единствената утеха за составот на Александар Васоски би можел да биде составот на Атлетик од Европа. Тоа би бил можниот џек-пот за кратовци.

Силекс можни ривали:

Астана (Казахстан)

Пјуник (Ерменија)

Динамо Минск (Белорусија)

Дила Гори (Грузија)

Атлетик (Андора)

Натпреварите во првото квалификациски коло од Конференциската лига се играат на 9 јули а реваншите се закажани за 16 јули.

ПретходноПознати можните ривали за шампионот: Вардар ги избегна „ѕверовите“, ќе има лесен ривал!
СледноЛиридон Љатифи се одјави: „Благодарам Шкендија…“