Дешамп „згрмел“ на полувреме па французите одиграа ТОП втор дел, а Меси е фудбалскиот бог дефинитивно

99

Денешната анализа на мечевите од тековниот Мундијал во САД, Мексико и Канада ја одработува Горазд Михаилов. Искусниот стратег прецизно го нотира моментот по кој Франција синоќа се „разбуди“ против Сенегал па со головите на Мбапе обезбеди старнта победа на овој турнир.

Исто така, и Михаилов како и преостанатиот дел од светот доби уште една потврда. А тоа е дека Лионел Меси фудбалски едноставно не е од оваа планета.

Франција ужасна до полувреме, а потоа ја покажа класата

Првото полувреме е тотално за заборав. Она што го видов е очајна Франција, која што имаше доста неточни додавања, многу дезорганизирани, без концепт, без идеја во самата игра. Сенегал се обидуваше со добро поставена одбрана, во зона, во среден блок, во низок блок, да успее да ги изненади. Доколку Џексон Мартинез постигнеше гол дефинитивно резултатот ќе беше поинаков.

Според мене, мечот за Франција го доби селекторот Дидие Дешамп. Кој очигледно на полувреме и тоа како ги има опоменато, прекорено своите избраници. Поставил некои нови тактички замисли, што очигледно дека франзуците ги спроведоа. Успешна тактичка рокада во која што Дембеле отиде на десната страна, Олисе влезе во средината. Франзуците со ова како да „убација“ што се вели во друга брзина, и го покажаа сиот свој капацитет и сила, и буквално доминираа во вториот дел.

И самите видовте еве. Мбапе имаше неколку зицер ситуации пред да го постигне својот прв гол, не ги реализираше, а потоа „екслозија“. Тоа се тие светски играчи. Извонредно ветрикално додавање. Почнаа да ги користат тие, што беше очигледно „убитачно“ оружје. Создадоа доста шанси, постигнаа голови. Сепак, мало опуштање, рпимија гол на крајот, но видете што значи врвен тим, врвни поединци, само триесет секунди подоцна, гол за потврда на победа. За Франција многу важна победа на стартот на Мундијалот, и тоа против сериозна селекција како Сенегал, која што е најдобра во Африка, иако секако знаеме дека го загуби тој меч против Мароко на службен начин. Заслужена победа на Франција, која што продолжи ли вака да игра како во вториот дел, синоќа, мислам дека повторно е главен претендент за титулата.

Меси дефинитивно е фудбалскиот бог

Светскиот шампион на вистински начин тргна во одбрана на титулата освоена на минатиот Мундијал. Аргентина предводена од својата икона, Лионел Меси, кој иако е во години, сепак, ја покажува својата класа. Продолжува да ја покажува својата фудбалска магија, ете веќе шест Мундијали. Се израмни по голови со Мирослав Клосе за најдобар стрелец на Мундијалите.. Што да каже друго човек. Уште еднаш човекот дека е „фудбалскиот бог“ и зошто е тоа. Аргентина ме импресионира во првото полувреме, кога постигнаа гол со прекрасното додавање на Родригез за Меси. Алжир исто така имаше свои моменти во првиот дел, но Аргентина на полувреме замина со предност. Вториот дел, Аргентина го одигра според очекѕваното. Не форсираше, имаше контрола врз ситуацијата, беа максимално дисциплинирани во одбрана, чекаа шанса за напад, истата ја дочекаа преку Меси повторно. Оставија посед на топка за Алжир, што и статистички се гледа, значи дека одиграа доста паметно и заслужено освоени бодови. Ако вака продолжат вака ништо чудно Аргентина да ја гледаме во финалето на 19 јуни. Сепак, ова беше вечер на Меси, и кога конечно ќе реши да се пензионира многу ќе недостасува.

Ирак позитивно ме изненади, индивидуалниот квалитет на Норвешка дојде до израз

Мислам дека резултатот не соодетствува со случувањата на теренот. Можам слободно да кажам дека репрезентацијата на Ирак многу позитивно ме изненади. Бидејќи одигра навистина храбро и го загуби мечо во последната четвртина. Тогаш до израз дојде и физичката подготовка на норвежаните, и нормално далеку поголемото искуство со ограње големи мечеви во Европа. Халанд е звезда на мечот, никој не е изненаден од тоа, затоа што напаѓачот на Сити реално е да го одбележи овој турнир. Покажа класа со два постигнати гола. Генерално, многу интересен натпревар за гледање, ирачаните храбри, дрски, на дел од мечот беа и подобар противник. Резултатот можеше да биде и поинаков, но сепак, на крајот сигурни бодови за фаворитот во овој дуел. Како ќе минува турнирот Норвешка според мене ќе игра се подобро, и ќе направи добар резултат.

Јордан ја намачи Австрија

Дебитантот на Мундијалите, репрезентацијата на Јордан, навистина сакаше да покаже добар фудбал против Австрија и тоа и го стори. Ја намачи што се вели. Јордан покажа интересна и допадлива игра. Сепак, квалитетот дојде до израз, и Австрија победи на овој меч, и гоа убедливо со 3:1. Австрија очигледно дека сеуште се бара на терен, но добро е што има доста време за да се пронајдат. Тоа е искусен тим, кој што има многу вакви мечеви во нозете и како ќе минува шампионатот ќе влегуваат се во подобра форма. Пред се мислам тука на играта. Јордан е селекција која е дебитант, но прикажа добра игра. Сите тие селекции од Азија кои настапија вечерва, мене лично ми беа многу симпатични, добро функционираат, со храброста, желбата, и со дисциплината која што ја имаат во играта. Техничкиот нивен дел исто така не е за занемарување. Тактичкиот дел го имаат кренато на доста високо ниво, не се тоа оние селекции од минатото. И во тој дел од светот очигледно дека фудбалот се работи на највисоко ниво веќе.

 

 

ПретходноШкендија во Словенија ќе се тестира со Хајдук, Цеље, Копер…
СледноАко го мине КуПС: Вардар во втората рунда против победникот од двомечот Сабах – ТНС!