Неверојатно: Се најде некој да го критикува и Хари Кејн!

153
ФОТО:.facebook.com/EnglandTeam/

Хари Кејн и синоќа против Хрватска покажа дека е еден од најдобрите фудбалери во светот, веројатно и најдобар напаѓач во моментов. Капитенот на Англија со два гола ја поведе својата селекција со победа на стартот од Мундијалот со 4:2.

Сепак има и такви кои го критикуваат Кејн за неговиот настап. Еден од тие е Диди Хаман, некогашен репрезентативец на Гермаија а сега аналитичар. Тој смета дека Кејн сè уште не се докажал на големата сцена. И покрај тоа што беше прогласен за играч на натпреварот и го израмни рекордот на Гари Линекер од десет гола за Англија на Светските првенства, Хаман тврди дека напаѓачот на Баерн недостасува во клучните натпревари од нокаут фазата.
„Тој е капитен и од него зависи дали ќе постигнува голови во нокаут натпреварите. Сè уште не сме сигурни за него. Сакам да го видам како го прави тоа против Франција или Бразил. Дали е способен за тоа, сè уште не треба да видиме“, рече Хаман.

Поранешниот играч од средниот ред на Ливерпул и Баерн, и германска легенда, верува дека перформансите на Кејн во Баерн не се вистинската мерка.

Тој постигнува многу голови, но во Минхен секој централен напаѓач постигнува голови. Не е важно дали постигнува 25 или 35, тој ќе ја освои лигата“, рече тој, додавајќи:
„Мислам дека има неколку напаѓачи на ова првенство што би сакал да ги имам отколку него. Во одреден момент од натпреварувањето ви е потребна брзина, а тој едноставно ја нема. Неговиот финиш е веројатно најдобриот во светот, но дали ќе се соочи со Германија, Бразил или Франција во тие ситуации? Не сум баш сигурен.“

ПретходноИсторијата е испишана: Македонија е втора во Европа во баскет 3х3!
СледноВиктор Муњоз и официјално е нов член на Ливерпул