Отворена изложбата „Where Mediterranean Waves Unite – XX Mediterranean Games Taranto 2026“ во организација на МОК и италијанската амбасада

16

Во организација на Македонскиот олимписки комитет и Амбасадата на Италија во Скопје, денеска во кафулето Espresso ST Café во East Gate Mall беше отворена изложбата насловена „Where Mediterranean Waves Unite – XX Mediterranean Games Taranto 2026“, посветена на претстојните XX Медитерански игри кои оваа година ќе се одржат во Таранто, Италија.

Изложбата преку внимателно избрани фотографии ја претставува богатата историја на Медитеранските игри, нивната улога во поврзувањето на народите од медитеранскиот регион, како и вредностите што ги промовира спортот – пријателство, почит, солидарност и фер-плеј.

На отворањето присуствуваа претставници на дипломатскиот кор, спортски институции, спортисти и медиуми, како и македонските олимписки спортисти Дарио Ивановски, Вероника Костовска и други истакнати претставници на спортската заедница, кои имаа можност да се запознаат со значењето на Медитеранските игри како едно од најважните мултиспортски натпреварувања во регионот.

Присутните истакнаа дека спортот претставува универзален јазик кој ги обединува луѓето и гради мостови на соработка меѓу државите, а Медитеранските игри се еден од најдобрите примери за тоа како преку спортот се промовираат мирот, меѓусебното разбирање и заедничките вредности.

Со оваа изложба, Амбасадата на Италија во Скопје и Македонскиот олимписки комитет ја потврдуваат својата заложба за промоција на олимписките вредности и зајакнување на спортската соработка меѓу Италија и Северна Македонија во пресрет на XX Медитерански игри Таранто 2026.

Изложбата ќе биде достапна за посетителите во наредните денови, нудејќи можност пошироката јавност да се запознае со духот и значењето на ова големо спортско случување.No description available.No description available.No description available.No description available.No description available.

ПретходноЛиста на стрелци по првиот круг: Меси, Меси, Меси…
Следно“Земјотрес“: Сестрата на Роналдо го нападна Бруно Фернандеш!(ФОТО)