Познат е епилогот од скандалот во Грција: Џонс и Нан „дебело“ ќе платат, но тоа не е сè…

275

Спортската јавност беше згрозена од настаните во петтиот натпревар од финалето на грчката лига помеѓу Олимпијакос и Панатинаикос, а некои од казните за сторителите на инцидентите се познати.

Комитетот за спречување на насилство изрече ригорозни казни за главните актери на инцидентите во арената ОАКА – Кендрик Нан и Тајрик Џонс, како и за самите клубови, Панатинаикос и Олимпијакос.

Центарот на Олимпијакос Џонс беше казнет со вкупно 100.000 евра, додека првата ѕвезда на Панатинаикос Нан ќе мора да плати 50.000 евра.

Треба да се додаде дека овие казни се само од финансиска природа, додека спортските санкции – кои би можеле да вклучуваат суспензии за Нан ​​и Џонс – се очекуваат дури по одлуката на спортскиот судија на грчката лига.

Џонс заработи две одделни казни од по 50.000 евра. Првата казна ја доби за инцидент кон крајот на третата четвртина кога му се најде во лице на Кендрик Нан, а потоа насилно го турна за вратот, што автоматски доведе до негово исфрлање од натпреварот.

Дополнителни 50.000 евра заработи поранешниот кошаркар на Партизан поради хаосот што продолжи пред соблекувалната, каде што двајцата играчи се најдоа откако беа исфрлени од теренот.

Нан беше казнет со 50.000 евра за учество во тепачката.

За да биде уште полошо за грчките шампиони, ДЕАБ објави дека Панатинаикос, Лесор и Грант се официјално поканети на ново рочиште закажано за 22 јуни. Причината е сосема посебен инцидент што се случи во соблекувалната веднаш по завршувањето на петтиот натпревар.

ПретходноОткриена е причината поради која Меси плачеше на историскиот натпревар!
СледноМакедонија – учесник на „Rising Stars“ турнирот во Букурешт