Сега е и официјално. Вардар својот прв меч во 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите против КуПС ќе го игра на 7 јули (вторник) со почеток од 19 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје. Ова го потврдија и од таборот на нашиот шампион кого го чека тешка битка против составот од Финска.
Реваншот во Финска за седум дена од првиот меч во Скопје.
Инаку познато е дека ако Вардар успее да ја мине оваа пречка тогаш во 2.квалификациско коло во ЛШ ќе ги одмери силите со победникот од мечот Сабах – ТНС.
Во случај да биде елиминиран од КуПС тогаш во 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции се среќава со поразениот од двомечот Арарат – Рига.










