Нено со 14 поени во поразот на Баерн од Алба

65
ФОТО:.facebook.com/fcbayernbasketball/

Кошаркарскиот тим на Баерн Минхен вечерва доживеа пораз од Алба Берлин во финалмата серија од Бундес лигата со конечни 71:61, со што ја постави серијата на скор од 2:2.

Баварците за кој што нашиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ постигна одлични 14 поени, а додаде и пет скока и две асистенции, вечерва не успеаа да издржат до крај иако имаа резултатски приклучок во поголемиот дел од мечот.

Ова значи дека финалната серија ќе оди во петти последен дуел во кој што ќе се одлучи освојувачот на титулата. Мечот се игра в недела во арената на Баерн.

 

 

ПретходноАндреас Трајковски е предводник на нашата атлетска експедиција на Балканското првенство во Волос
СледноСАД се пласираше во елиминациите на Мундијалот (ВИДЕО)