Уште еден пораз: Хрватска лесно против нашите одбојкарки

43
фото: CEV.eu

Уште еден нов, максимален пораз на женската одбојкарска репрезентација на Македонија во годинешното издание на Европската лига 2026. На првиот од двата последни меча за ова лето во ова натпреварување, избраничките на селекторот Гавриловиќ беа поразени на домашен терен од Хрватска.

МАКЕДОНИЈА – ХРВАТСКА  0:3 (15:25, 12:25, 15:25)

Во СЦ Борис Трајковски, каде се одржува овој турнир, нашите одбојкарки не успеаја посериозно да им се спротивстават на фаворитките. Хрватките рутински јаодработија задачатаво трите сета, не дозволувајќи ни да ја минеме границата од 15 поени по сет.

Милевска беше најефикасна и денеска со 7 реализирани поени.

Пред Македонија останува последниот меч на турнирот, в недела со Словенија.

ПретходноШкендија и Положани со победа стартуваа на подготовките во Словенија
СледноВедат Муриќи се врати во Фенербахче