Натпреварот меѓу Канада и Катар синоќа беше обележан со стартовите на катарските играчи. Тие дури добија два црвени картони по ред и нема да играат во решавачкиот натпревар против Босна и Херцеговина.
Првиот црвен картон му беше доделен на Хомам Ал Амин во првото полувреме додека беше последен играч во својот избор. Но, најстрашниот момент се случи во 53-тата минута. Асим Мадибо со жесток удар му ја скрши ногата на Канаѓанецот Исмаел Коне.
Потегот беше силен, иако ненамерен, а селекторот на Канада изјави дека сите на стадионот слушнале гласно пукање на коската, што довело до тоа Коне да биде итно опериран.
Кога виде колку го повреди играчот, репрезентативецот на Катар, Асим Модибо, почна да плаче на теренот.
Kone was absolutely bossing that midfield, looking like a World Cup star in the making… then this. Absolute gut punch😭💔pic.twitter.com/i2NHQInrrU
— Redback (@chamugah) June 19, 2026










