Австралијанецот со македонско потекло, Питер Чкламовски, од синоќа е нов тренер на англиски Салфорд Ситу, клуб познат по тоа што е во сопственост на една од најголемите ѕвезди на англискиот фудбал, Дејвид Бекам.
Чкламовски можеби е релативно непознат во светскиот фудбал, но за него велат дека импресионирал со работата во Јапонија, каде се појавил како замена за Анже Постекоглу на клупата на Јокохама Ф. Маринос, кои потоа станаа шампиони на Јапонија.
Македонецот подоцна беше тренер во повеќе клубови, а едно време и селектор на Малезија, пред сега да дојде во Англија. Салфорд Сити е тим кој игра во англиската Лига 2 и има амбиции следната сезона да се најде меѓу патниците во третото по ранг англиско натпреварување.










