Душица Бресалиева со бронзен медал од клупското ЕП во Босна

30

Македонската јуниорска репрезентативка во таеквондо, Душица Бресалиева од ТК Штип е освојувач на бронзениот медал на клипското Европско првенство кое што во моментов се одржува во Босна.

Таа одлично го изоде патот се до полуфиналето кога беше сопрена од репрезентативката на Хрватска, Клара Углешиќ од која што беше поразена со 2:0.

Претходно таа беше подобра во првото коло со 2:1 од Јулија Лонска од Украина, во второто коло од Цејланаз Дурназ од Турција која што ја победи со 2:1, а во четвртфиналето обезбеди победа од 2:0 над Елефтерија Вамвакаки од Грција.

ПретходноОдбојкарите дојдоа до трета победа: Косово се закани само во еден сет
СледноАндреас Трајковски е предводник на нашата атлетска експедиција на Балканското првенство во Волос