Двокраниот победник во МОТО ГП шампионатот, Франческо Бањаја е победник на денешниот спринт кој што се возеше во рамките од МОТО ГП викендот за Големата Награда на Чешка.
На легендарната патека во Брно, Бањаја го прекина постот без победи во оваа категорија, уште од октомври минатата година.
Бањаја имаше најдобро време на десетте извозени кругови на денешниот спринт и заслужено е прв.
Освен Бањаја на првите три места се пласираа и јапонецот Аио Огуре, кој што и покрај обидите не успеа да го мине Бањаја, а на третата позиција се пласираше Марк Маркез.










