Американската пливачка Кејт Даглас денеска на натпреварот во Индијанаполис, САД, постави нов светски рекорд на 50 метри слободен стил во женска конкуренција.
Таа денеска триумфираше со резултат од 23:59, и за две стотинки го подобри досегашниот најдобар резултат, кој што беше во сопственост на Сара Сјотром од Шведска.
На втората позиција се пласираше Гречен Волш со 23:78 стотинки, додека трета заврши Ана Меш со 24:30.










