У-17: Македонија со пораз од Грција

50
ФОТО:mkd.basketball/

Македонија поразена од Грција во меч од 2.коло на турнирот “Рисинг Старс“ во Букурешт со 50:94 во машка конкуренција за селекции до 17.години.

Противникот имаше одличен почеток на натпреварот. Во првите десет минути, грчкиот состав направи голема предност. На истек на првиот период, водеше со (32:7), момент кој ги одреди работите на теренот во продолжение на средбата.

Во наредните две четвртини, нашиот тим „Под 17“ одигра егал. До полувремето Грција водеше со (54:25), а по три одиграни четвртини имаше слична позитива (73:41), која ја претворија во триумф (94:50).

Стевков беше единствениот наш кошаркар со двоцифрен број на поени, реализираше 16.поени (7/9 во обидите од поле), Ѓиноски даде седум поени, Котевски имаше шест.

Во третото коло, во недела од 16.30 часот, нашите млади кошаркари ќе играат против „синиот“ тим на Романија.

ПретходноПолувреме: Убедлива Холандија, Броби двоен стрелец!(ВИДЕО)
СледноМакедонија утре на проверка против Бугарија