Јован Стојоски постави нов национален рекорд на 400 метри со пречки

38

Македонскиот репрезентативец Јован Стојоски оствари нов голем успех на Балканското Првенство За Сениори, кое се одржува во Волос, Грција, поставувајќи нов национален рекорд на 400 метри со пречки.

Стојоски трката ја истрча за 51.78 секунди, со што го подобри сопствениот национален рекорд од 52.23 секунди, поставен пред само една недела.

Подобрувањето од 0.45 секунди претставува значаен исчекор и уште една потврда за одличната форма во која се наоѓа македонскиот репрезентативец во текот на оваа сезона.

Со овој резултат Јован Стојоски продолжува да ги поместува границите на македонската атлетика во дисциплината 400 метри со пречки и уште еднаш потврдува дека припаѓа во самиот врв на балканската атлетика.

ПретходноДрама кај Португалците: Соиграчите го бојкотираат Роналдо?! Тој остави порака на Инстаграм!(ФОТО)
СледноПолувреме: “Слоновите“ ја шокираа Германија!(ВИДЕО)