Женската одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе и шестиот пораз во исто толку одиграни натпревари во годинешната Европска лига. На последниот натпревар на турнирот во Скопје, избраничките на селекторот гавриловиќ беа совладани од Словенија.
МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА 0:3 (15:25, 10:25, 10:25)
Во трите сета Словенија тотално ја надигра нашата селекција и во ниту еден момент не ни дозволи да се надеваме на рамноправен дуел. Со оглед на бројот на освоени поени во трите сета, видлива беше доминацијата на теренот.
Фасулева со 7 и Милевска со 6 поени беа најефикасни во нашиот табор.
За нас останува да се направи добра анализа на постигнатото, ангажираноста и грешките внатре и надвор од теренот, затоа што оваа секенција освежена со неколку имиња треба да се појави како претставник на Македонија на Медитеранските игри во Таранто.










