Романија подобра од У-17 машката селекција на Македонија

43
ФОТО:mkd.basketball/

Машката репрезентација на Македонија на кошаркари „Под 17“ години со пораз од Романија (син тим), 92:74, го заврши својот настап на турнирот „Рисинг старс“ во Букурешт.

Домашната селекција имаше две одлично одиграни четвртини, првата и третата. Период од играта во кој се стекна со решавачката предност на овој меч, последен за двете селекции на турнирот во главниот град на Романија.

Романците подобро го отворија натпреварот, во првата четвртина имаа двојно поголем број на дадени – 24, од примени поени – 12.

Најдобриот период во играта на нашата У17 селекција беше вториот.

Оној во кој одигравме најефикасно и кој го добивме со резултат (23:18), доволно за да анулираме скоро половина од негативата која ја имавме во првата (35:42).

По паузата, одновно доминираше домапната репрезентација, која ја врати предноста која ја имаше на истекот на првата четвртина.

По завршување на третиот период, Романија се одвои на (66:51), разлика која и покрај сите настојувања на нашите млади кошаркари, не успеавме да ја намалиме.

Капитенот на оваа наша селекција, Ѓиноски реализираше 18.поени на овој натпревар (имаше и пет скока и четири асистенции), Рајковски дополни со 16.реализации (имаше и две асистенции), додека Сотир го заврши овој турнир со ефект од 13.поени (и пет скока).

ПретходноОна кога кралот и кралицата на Холандија имаат две репрезентации?!(ВИДЕО)
СледноЕве зошто Франција (не)сака да биде прва во групата И!