Во Башкими е затишје ама се најавува „голема бура“

412
ФОТО: KF Bashkimi 1947 / FC Bashkimi 1947/FB

Нов спонзор до крајот на неделава…!!! Тоа е најавата од Куманово околу вестите поврзани со Башкими и актуелностите во клубот каде по завршувањето на сезоната и обезбедениот опстанок речиси и да нема ништо ново. Вчера капитенот Арменд Алими го објави своето повлекување од фудбалските терени а денеска има најави за нешто големо и убаво во таборот на „зелено-црните“.

Спонзорот би бил од Турција и преговорите со истиот се во завршна фаза. Во наредните неколку дена се очекува да бидат обелоденети сите детали и плановите на клубот во пресрет на новата сезона. Со осигурувањето на финансиската контрукција ќе се тргне и во офанзива за создавање на силен и конкурентен тим.

Она што му е кажано на Аворнио е тоа дека ќе му бидат исплатени сите долгови и дека тој мора да остане во Башкими. Аворнио е најдобриот фудбалер на клубот кој ги бранеше боите на оваа екипа во минатата сезона. За него постои голем интерес од други клубови како од земјава така и од странство но сега мора да чека и да остане во Башкими затоа што тој бил приоритет и на новите спонзори.

Се најавува и нов стручен штаб…

ПретходноЕХФ со величенствена објава: Вардар знае како се освојува титулата!
Следно„Лудило“ во Атина: Еве како фановите на Пао го пречекаа Обрадовиќ!(ВИДЕО)