ЕХФ со величенствена објава: Вардар знае како се освојува титулата!

355
foto RK VARDAR (facebook)

Вардар и официјално ќе биде дел од новата сезона во Лигата на шампиони. Македонскиот првак аплицираше за вајлд-карта, а ЕХФ ја одобри.

Колку Вардар е почитуван во европското ракометно друштво, говори и објавата на ЕХФ за кам-бекот на македонскиот тим во натпреварувањето каде има две титули и три учества на фјнл-фор завршницата.

„Двократните освојувач се вратија. Вардар и Монпеље се вратија во највисокиот ранг, тие веќе знаат како е да ја освојат Лигата на шмпиони, бидејќи двапати беа прваци. Добредојдовте“, се вели во објавата на ЕХФ на која се наоѓаат фотографии од Вардар и Монпеље со титулите.

ПретходноМајнц му помага на Вардар пред дуелите со КуПС во ЛШ
СледноВо Башкими е затишје ама се најавува „голема бура“