Иако има уште доста до самиот старт на сезоната, како што е правилно, денеска во просториите на Ракометната Федерација на Македонија беа извлечени натпреварувачките броеви за екипите од Супер машката лига.
Поточно, познат е распоредот на натпреварите во новата сезона. Во првото коло ќе имаме исклучително интересен и неизвесен дуел. Што се вели, „огнено крштевање“ за екипите на Охрид и Е.Пелистер, кој што на премиерата ќе гостува кај третопласираниот тим во изминатата сезона. Битолчани, но и охриѓани очигледно дека ќе мораат максимално да влезат во сезоната уште од првата секунда, и нема да има простор за грешка уште од самиот старт.
Актуелниот бранител на титулата пак, тимот на Вардар ќе има нешто полесна задача во првото коло, каде што ќе го пречека на свој терен тимот на Е.Пелистер 2.
Новиот суперлигаш Младост Богданци гостува кај Бутел Скопје на стартот, додека интересно се очекува да биде и на пресметките меѓу Пролет и Тиквеш, односно Прилеп и Куманово.
Првото коло од машката елитна конкуренција ќе се одигра на 6/7 септември.
Супер машка лига, 1 коло:
Бутел Скопје – Младост Богданци
Охрид – Еурофарм Пелистер
Вардар – Еурофарм Пелистер 2
Пролет – Тиквеш
Прилеп – Куманово
Алкалоид – Мулти Есенс










