Почнува развојниот кошаркарски камп во Негорски Бањи

53

Ново лето, нова можност за младите кошаркарски таленти. Денеска започнува новото издание на развојниот кошаркарски камп, дел од заедничкиот проект на ФИБА и Кошаркарската федерација на Македонија, наменет за најмладите перспективни кошаркари и кошаркарки.

Во периодот до 27 јуни, во Негорски Бањи, вкупно 60 млади играчи и играчки од генерациите 2013 и 2014 година ќе бидат дел од четиридневни активности исполнети со тренинзи, едукација и развој на нивните кошаркарски вештини.

Кампот ги обединува најталентираните млади кошаркари и кошаркарки во машка и женска конкуренција, кои по претходно спроведена стручна селекција добија можност да работат под водство на избрани тренерски тимови.

Во машка конкуренција, стручниот тим предводен од тренерот Мартин Атанасовски, заедно со неговите помошници Мартин Анчевски и Никола Димитриевски, ги одбра 15. најперспективни кошаркари.

Кај девојките, тренерскиот тим составен од Никола Петровски, Сара Стојановска и Јована Стојанова ќе работи со 15 избрани кошаркарки.

Развојниот камп е уште една активност во рамките на стратегијата за создавање и унапредување на младите кошаркарски категории, со цел навремено препознавање и развој на новите генерации кои во иднина ќе го носат македонскиот кошаркарски репрезентативен дрес.

ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИСПЛАТИ 57.146.863 ДЕНАРИ ЗА ВЛТ ДОБИВКИ ВО МАJ
СледноНема милост за „мастачите“: Карвина исфрлена во најнизок ранг на натпреварување