Утре е ден за пријателски: Шкендија на мегдан со Хајдук, Силекс против Динамо Тирана

135
ФОТО:.facebook.com/fcshkendija

Утре нашите претставници во Лигата на Конференции, ќе одиграат пријателски натпревари. Шкендија ќе има “тест“ со Хајдук во Радомље (Словенија), каде што и е на подготовки. Мечот започнува во 18:15 часот. Ова ќе биде втор тест за тимот на Артим Положани откако на првиот славеше против Копер со 2:1. Покрај дуелот со хрватскиот гигант, Шкендија до крајот на подготовките во Словенија ќе одигра уште два контролни меча.

Силекс утре во Охрид од 17:30 часот ќе ја има својата прва контрола ова лето и тоа против составот на Динамо Тирана. Ќе се одиграат уште два меча, а на 2 јули ривал во пријателски меч ќе биде Шкендија Арачиново.

ПретходноВардар имаше „спаринг“, а Родригез и на ваков дуел доби црвен картон
СледноАргентина покажа зошто е светски шампион, Меси испиша фудбалска историја (ВИДEO)