Вардар имаше „спаринг“, а Родригез и на ваков дуел доби црвен картон

327

Шампионот Вардар денеска одигра контролен натпревар за време на подготовките во Норчиа, Италија, кој всушност беше еден засилен тренинг, со оглед на тоа што сите фудбалери кои се дел од подготвките беа поделени во два тима.

Во првиот состав беа: Диковски, Пуељо, Матиќ, Мишковски, Дурански, Босанчиќ, Николов, Спахиу, Данев, Торес, Омерагиќ, додека им опонираа: Талески, Јанкулов, Најдовски, Велковски, Маневски, Тодоровски, Бабунски, Пиреш, Закариќ,  Јаков, Герсон.

Победата ја однесе екипата која настапи во „црвено-црни“ дресови и тоа со 2:1. Стрелци на головите беа Спахиу и Куестас. Голот за поразените го постигнал Закариќ.

Интересно е што новото засилување Герсон Родригез и на ваков спаринг успеа да добие црвен картон. Судија на натпреварот беше Даријан Илчевски кој е по потекло од Гостивар и дел од судиите во Италијанската фудбалска федерација.

ПретходноМеси прво промаши пенал па потоа испиша историја!(ВИДЕО)
СледноУтре е ден за пријателски: Шкендија на мегдан со Хајдук, Силекс против Динамо Тирана