РК Вардар на 10 август стартува со продажба на сезонските билети за ЛШ и домашниот шампионат

53

Во пресрет на сезоната во која што РК Вардар влегува како актуелен шампион, и ќе биде дел од Лигата на Шампионите по четири години апстиненција, клубот одлучи да направи револуционерен потег што се однесува до неговата работа.

Создаде своја платформа за продажба на билети, пред се сезонски, кои што ќе важат за сите мечеви на РК Вардар, почнувајќи од оние најатрактивните, од Лигата на Шампионите, преку оние од домашниот шампионат, регуларен дел и плеј оф, како и од Купот на Македонија.

На 10 Август ќе стартува и продажбата на сезонските билети за наредната сезона во кои ќе бидат вклучени натпреварите од првата групна фаза, сите натпревари од домашното првенство ( Регуларен и Плеј Оф дел ) и Купот на Македонија.
Продажбата ќе трае до 23 Август, по што ќе се врши замена за пластифицирани картички.
Од оваа сезона РК Вардар продажбата на билетите ќе ја врши преку својата платформа за билети и единствено по електронски пат, исклучувајќи ја опцијата за физичко купување на билет.

 

ПретходноНема милост за „мастачите“: Карвина исфрлена во најнизок ранг на натпреварување
СледноПрилеп ги даде победниците од Јужниот регион кои ќе се борат за големото финале во Сплит