На 38 години Арменд Алими кажа – доста е! Стави крај на една богата играчка кариера исполнета со успеси, титули, настапи за младинските селекции на Македонија и А- репрезенртацијата.
Кумановецот своите почетоци во светот на фудбалот ги имаше во неговиот матичен клуб, Башкими. Набрзо се пресели во градскиот ривал Милано каде себеси се промовира во еден исклучителен играч за врска.
Во таа 2009 година следуваше трансфер во Истра,за да потоа кариерата го носеше во Шведска, Кипар за да дојде во Шкендија во 2014 каде до цели седум години беше еден од клучните играчи на клубот од Тетово со кого освои бројни титули и беше еден од најзаслужните за тоа што овој клуб прерасна во еден од гигантите на мак – фудбалот.
Беше дел од Работнички а потоа и од историскиот успех на Беса Добри Дол, за да минатото лето се врати во својот Башкими за да му помогне да избори опстанок во елитата, тоа и го направи.
Да кажеме дека запиша и 14 настапи за нашата најдобра фудбалска репрезентација.
Освои три титули со Шкендија во ПМФЛ, како и два пехари во Купот на Македонија. Ќе се памети како екстра играч во офанзивниот дел во средниот ред.
Откако објави дека заминува во играчка пензија, Башкими и Шкендија на своите официјални социјални мрежи со пригодни зборови му се забкагодари за се она што тој им даде како фудбалер и како личност.















