Манчестер Сити ќе му плати на Челзи 20 милиони евра за Мареска

81
фото: Chelsea (X)

Манчестер Сити постигна договор со Челзи за ослободување на Енцо Мареска, кој е избран за наследник на Пеп Гвардиола на кормилото на „граѓаните“, објавува „Скај Спорт Италија“. Според информациите Сити ќе им плати околу 20 милиони евра на лондончани за да го откупат италијанскиот специјалист од неговиот тековен договор.

Не е тајна дека Мареска беше главен фаворит за позицијата од моментот кога стана јасно дека Гвардиола ќе го напушти клубот. Италијанецот веќе има искуство во Манчестер Сити, откако беше помошник на каталонскиот менаџер во сезоната 2022/23. По престојот на „Етихад“, Мареска го презеде Лестер, со кого избори промоција во Премиер лигата. Во летото 2024 година, тој ја презеде функцијата менаџер на Челзи, но изненадувачки си замина на 1 јануари 2026 година.

Главната причина за разделбата беа сериозните несогласувања околу управувањето со клубот и одлуките донесени зад сцената. И покрај тоа што ги предводеше „сините“ до победа во Конференциската лига и Светското клупско првенство во 2025 година, Мареска не успеа да ја добие целосната доверба од раководството на клубот.
Бидејќи неговиот договор со Челзи остана на сила, Манчестер Сити мораше да преговара за меѓусебно раскинување.
Според новинарот Џанлука Ди Марцио, двете страни се согласиле на договор вреден околу 20 милиони евра. Откако ќе биде финализиран, Мареска ќе може да потпише тригодишен договор со Манчестер Сити и официјално да го наследи Пеп Гвардиола како менаџер.

ПретходноСелекторот на Иран: “Срам да ви е! Зошто молчите?“
СледноРоналдо се уште е подобар „пеналџија“ од Меси