Мајнц му помага на Вардар пред дуелите со КуПС во ЛШ

432

Одлична вест за ФК Вардар на само неколку дена пред дуелот со финскиот првак КуПС во рамките на првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Бундеслигашот Мајнц прати допис до првакот на Финска дека истекува позајмицата за Ото Руопи. Малиот супер талент беше купен од германскиот тим за 1,3 милиони евра, но играше изминативе месеци како позајмен играч во КуПС. Тој на 1 јули треба да се јави на тренинг во Мајнц со што стана јасно дека младиот играч нема да игра за КуПС на дуелите со првакот на Македонија на дуелите во Скопје на 7 јули и реваншот во Куопио на 14 јули.

Тоа ќе биде голем хендикеп за тимот од Финска затоа што Руопи важи за еден од нивните најдобри, но и најскапи фудбалери. Фановите на КуПС утре ќе се поздрават со Руопи кој на дуелот со Илвеш на домашен терен за последен пат ќе го носи „жолто-црниот“ дрес пред неговото заминување за Мајнц. Руопи оваа сезона на 13 средби даде 4 гола а беше играч на натпреварот во минатото коло кога даде еден и асистираше за вториот гол при победата на КуПС на гости кај Турку (1:2).

Сепак КуПС деновиве се засили со двајца искусни фудбалери и тоа финецот Томи Јоору кој доаѓа од романскиот тим Петролул и гамбиецот Саику Торај кој лани играл за францускиот второлигаш Бурж а има играно и за екипите на Гренобл, Макаби Хаифа, Хапоел Хаифа…

Двајцата се играчи за врска..

ПретходноЛионел Меси е пред ново историско достигнување!
СледноЕХФ со величенствена објава: Вардар знае како се освојува титулата!