Авдули и официјално во Влазнија

86

Она што Спортспорт го објави ексклузивно во текот на денешниот ден, вечерва и се реализираше. Македонскиот младински репрезентативец, Џезаир Авдули и официјално е нов член на албанскиот клуб Влазнија, со што го прави својот прв интернационален трансфер во кариерата.

Авдули кој што е дете на Шкендија одигра одлична сезона во тимот на Арсими по што заслужи и репрезентативен повик, а еве сега и трансфер во странство.

„Секако дека сум пресреќен што ова ми се случува. Потпишувам тригодишен договор со Влазнија клуб што секогаш има сериозни амбиции, како за титулата, така и за излез во Европа. Убеден сум дека конкуренцијата е сериозна во вака квалитетен клуб, но сум уште посигурен во своите можности. Ќе ја одпавдам довербата. Огромна благодарност до ФК Арсими за укажаната шанса своевремено, што бев примен како дома што се вели. Голема благодарност и до менаџерот Шакир Реџепи што беше дел од овој мој трансфер“ – ни изјави Авдули.

 

ПретходноПортугалија го гази Узбекистан: Кристијано Роналдо “БОМБАРДИРА“!(ВИДЕО)
СледноПријателски: Шкендија убедливо поразена од Хајдук, и Силекс со пораз од Динамо Тирана